Бизнис лига: Во електричното дерби ЕЛЕМ го совлада ЕВН

by riste
3 минути читање

ЕВН 1-3(1-1) ЕЛЕМ

ЕВН : Никола Атанасов 4”

ЕЛЕМ : Синиша Ковачевич 8” 25”, Владе јанакиевски 34”

Електричното дерби помеѓу екипите на ЕВН и ЕЛЕМ започна во висок ритам и на двете страни. Екипите играа мотивирано со одлична поставеност како во делот на нападот така и во делот на одбраната. Во текот на целото прво полувреме се играше цврсто во одбраната и на двете страни како не би дошла противничката екипа до отворена шанса за гол. Прва до водство дојде екипата на ЕВН во 4” преку маестралниот гол на Атанасов кој им донесе водство од 1-0. Екипата на ЕЛЕМ успеа да возврати преку Ковачевич 8” со што го израмни резултатот на 1-1. Во продолжеток на полувремето се играше егал со што резултатот остана непроменет до крајот на првото полвреме.
Во второто полувреме екипата на ЕЛЕМ влезе во ритам, направи притисок во предно поле со кој успеа да дојде до неколку отворени шанси за гол, и со одлична реализација стекна резултатска предност од 1-2. Во тие моменти ЕВН се обиде да израмни но ЕЛЕМ не го дозволи тоа па преку Јанакиевски 34” зголеми на 1-3, резултат со кој заврши овој натпревар.

Во натпревар пол со пресврти ВДЛ Ван Хоол до победа над Стопанска Банка

Стопанска Банка 5-6(3-3) ВДЛ Ван Хоол

Стопанска Банка: Дарко Симјановски 6” 18”, Кристијан Богдановски 17” 30” 32”

ВДЛ Ван Хоол: Валентино Трајковски 1” 14”, Живе Ѓорѓиевски 5”, Димче Андов 26” 37” 39”

Исклучително динамично и полно со пресврти прво полувреме одиграа екипите на Стопанска Банка и ВДЛ Ван Хоол. Прва до гол дојде екипата на ВДЛ Ван Хоол преку Трајковски 1”, на кој во 5” му се приклучи и Ѓорѓиевски за аводство на ВДЛ Ван Хоол од 0-2. Екипата на Стопансак Банка преку Симјановски 6” успеа да намали на 1-2. Потоа следеше офанзива на ВДЛ Ван Хоол кој повторно преку Трајковски 14” успеа да го зголеми водството на 3-1. Екипата на Стопанска Банка во тие моменти заигра по офанзивно и преку дуото Богдановски 17” – Симјановски 18” успеа да израмни на 3-3, резултат со кој се отиде на полувремето.
Во второто полувреме и двете екипи продолжија да играат егал натпревар. Се играше гол за гол и на двете страни. Екипата на Стопанска Банка во самиот финиш имаше предност од 5-4 но ВДЛ Ван Хоол успеа да израмни преку контра напад на 5-5 по што натпреварот влезе во драматична завршница. Екипата на ВДЛ Ван Хоол успеа во самиот финиш преку Андов 39” да постигне гол за победа од 5-6.

Службена: Транском 0-3(0-3) Фабрика Карпош – ГИМ

Службена: Матрикс 3-0(3-0) Џонсон Мети

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани