Билиќ добива отказ и покрај ремито со Сити? Познат е неговиот наследник

by
1 минути читање

Славен Билиќ
синоќа го предводеше составот на ВБА до реми на гостувањето кај Манчестер Сити,
иако гостите беа тотални аутсајдери за таа пресметка, но, само на хартија, а
бројни се шпекулациите дека хрватскиот фудбалски стратег ќе биде првиот во
новата сезона од Премиерлигата кој ќе добие отказ.

Со синоќешното
реми ВБА дојде до седмиот освоен бод сезонава во Премиерлигата, а претходниот
меч кај Њукасл се наведуваше како клучен за иднината на Билиќ на клупата на таа
екипа, следеше пораз, но ситуацијата остана непроменета.

Како и да е, и
покрај синоќешната сензација, раководството на ВБА веќе му го подготвило
отказот на Билиќ, а за негов наследник се наведува „специјалистот“ за
обезбедување на опстанок во елитното друштво, Сем Алардајс.

На Островот
пишуваат дека во текот на денешниот ден челниците на ВБА ќе разговараат со
Билиќ околу условите на раскин на договорот, за потоа да следат и преговори со
66 годишниот Алардајс, кој беше назначен за тренер во слични ситуации како тие
во Сандерленд, Кристал Палас и Евертон.

Доста
контроверзна беше темата околу Билиќ уште во пресрет на новата сезона откако
ВБА избори место во елитното друштво, се шпекулираше дека Хрватот не наидол на
разбирање кај раководството на клубот околу посакуваните засилувања, а во
моментов дел од навивачите на ВБА веќе започнаа со петиција на социјалните
мрежи да се задржи Билиќ, наведувајќи дека со таква финансиска поддршка
резултатите се сосема очекувани.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×