БиХ долго водеше, Канада дојде до заслужен бод ! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Селекцијата на Босна и Херцеговина водеше во најголемиот дел од натпреварот, но попушти во финишот, Канада дојде до реми со гол на Ларин на десетина минути пред крајот, конечниот резултат беше 1-1.

Босанците подобро го почнаа мечот. По еден корнер во 21. минута, Колашинац со глава асистираше до Лукиќ кој исто така со глава погоди за водство од 1-0.

По дадениот гол БиХ се повлече во низок блок и чекаше контра напади кои тешко доаѓаа. Канада се обидуваше да израмни.

Во вториот дел Босанците почнаа да играат малку поотворено, а тоа донесе и повеќе шанси за Канада. Фудбалерите на БиХ двапати исфрлуваа од гол линијата.

Босанците имаа шанси и за да го зголемат водството, но откако не го направија тоа казната стигна во 78. минута. Тогаш Ларин кој влезе само две минути претходно даде гол за конечни 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×