Биелса пред два дена му го кажа составот на Мојс и денеска загуби од Вест Хем

by
1 минути читање
На прес конференцијата пред мечот, тренерот на Лидс му го издиктира составот на Дејвид Мојс со кој ќе настапи денес, но според исходот можеби тоа и не му беше најпаметна одлука, иако во тој момент изгледаше фраерски.

Лидс одлично го почна мечот, добија пенал по прекршок врз Бамфорд уште во втората минута. Клих го промаши ударот, но доби уште една шанса бидејќи Фабијански не газеше на линијата, овој пат не погреши и му донесе предност на својот тим од 1-0.

 

Вест Хем брзо дојде до израмнување, Соучек во 25. минута го изедначи резултатот на 1-1.

 

Во продолжението од мечот Вест Хем беше подобар противник, по неколку пропуштени шанси конечно во 80. минута преку Огбона постигна гол за победа од 2-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×