Марсело Биелса го објави конечниот список на Уругвај за настап на Светското првенство, а во составот се најдоа сите најголеми ѕвезди на двократниот светски шампион.
Уругвајците на претстојниот Мундијал ќе играат во група со Шпанија, Зеленортските Острови и Саудиска Арабија. Селекторот избра 26 фудбалери кои ќе ја бранат честа на оваа земја на турнирот.
На списокот се најдоа Федерико Валверде и Дарвин Нуњез како главни адути на репрезентацијата, а тука се и искусните Роналд Араухо, Хозе Марија Хименез, Родриго Бентанкур и Џорџијан де Араскаета.
Список на повикани фудбалери за СП:
Уругвај досега двапати бил светски шампион, во 1930 и 1950 година, а сега ќе се обиде повторно да стигне до самиот врв на светскиот фудбал.