Алиоски е стартер во тимот на Биелса, но се чини дека тој ја игра последната сезона во Лидс. Се пишува дека нашиот фудбалер има подобри финансиски понуди и ќе си замине од Англија. Но конечна одлука се уште нема.
„Не знам каква одлука ќе донесе Алиоски. Преговорите се засновани на понуди и побарувања, тоа е природен процес“, вели Биелса.
„Тоа се приватни преговори меѓу клубот и фудбалерот и моето мислење нема влијание во тоа што ќе се случи со Алиоски“.
„Јас би бил среќен ако тој продолжи со нас, но клубот и Алиоски одлучуваат за тоа. Што и да одбере Алиоски е легитимно“.
„Она што можам да го кажам е дека ако Алиоски и клубот одлучат да ја продолжат нивната соработка, јас би бил среќен со таквата одлука“.