Лестер запиша
убедлива победа од 1-4 на гостувањето кај Лидс на Марсело Биелса во последниот
меч од седмото коло од Премиерлигата, а со оглед на фактот што шефот на
стручниот штаб на „Лисиците“ веќе ги совлада Марсело Биелса, Микел Артета (0-1),
како и Пеп Гвардиола (2-5), тој не пропушти да ги „пецне“ странските тренери во
Премиерлигата кои уживаат голема популарност.
„Бидејќи сум
Британец, па имам среќа, така функционира сево ова на натпреварите, меѓутоа,
наградата оди во рацете на моите фудбалери, беа неверојатно добри“ рече
саркастично Роџерс, кој според многумина е еден од најпотценетите тренери во
Премеирлигата во моментов, а тренерот со потекло од Северна Ирска потоа издвои
како дојде до трите бода низ тактичка призма.
„Погледнете го
Лидс одблиску, погледнете како играат со своите крила и ја стеснуваат својата
игра низ теренот, тие посакуваат кошаркарски меч, нагоре-надоле, така вие
морате да се осигурате дека нема да бидете инволвирани во сето тоа“ додаде
Роџерс.
Лестер со 15 бода
заостанува само бод зад лидерот и актуелен бранител на титулата Ливерпул по
седумте одиграни кола во новата сезона од Премиерлигата.
Секако дека не
може да помине вест за Лестер, а да не се наведе главната ѕвезда Џејми Варди
кој и сезонава игра на своето препознатливо ниво, досега успеа да запише седум
погодоци.