188
Натпреварот почна динамично, Челси беше подобар во воведниот дел, а Тимо Вернер пропушти неверојатна шанса откако од само неколку метри шутираше лошо и Куртоа го одбрани неговиот удар.
Но поправи Пулушиќ во 14. минута кој реши да не му додаде на Вернер, направи соло акција и погоди за водство на Челси од 1-0.
По примениот гол Реал Мадрид се разбуди, заигра подобро и тоа вроди со плод во 29. минута кога Бензема постигна мајсторски гол за израмнување на 1-1, што беше и конечен резултат.
Во второто полувреме се играше претпазливо, без големи шанси за гол.
Реваншот е на 5. мај на Стемфорд Бриџ.