Горан Пандев се враќа во Џенова. Таков е договорот меѓу италијанскиот клуб и нашата репрезентација. Тие за мечот со Косово излегоа во пресрет и го пуштија Пандев и кога останатите негови соиграчи од Џенова беа во изолација, а сега тој ќе си замине порано со цел да се подготви за клупските обврски.
Нема да игра ниту Аријан Адеми кој мечот со Грузија го играше со инекции против болка. Сега добива поштеда со цел да ја санира повредата.
Столе Димитриевски е суспендиран за следните два меча откако доби црвен картон на мечот против Грузија во Скопје, па и тој е ослободен од обврските.
На нивно место се повикани тројца младинци, Дарко Чурлинов, Тодор Тодоровски и голманот Ристе Јанков.
Во недела со почеток од 15 часот ја пречекуваме Естонија, додека во среда од 18 часот гостуваме кај Ерменија.