Бетис и Билбао ја израдуваа цела Шпанија – пет места во Лигата на шампиони!

by riste
1 минути читање

Со вчерашните пласмани на Бетис и Атлетик Билбао во полуфиналињата на европските натпреварувања, Шпанија и официјално доби пет места во Лигата на шампионите.

Бетис ја елиминираше Јагелонија и се пласираше во полуфиналето од Конференциската лига, додека Билбао го помина Ренџерс и отиде меѓу четирите најдобри во Лига Европа.

Ваквиот успех на шпанските екипи го зголеми коефициентот на Шпанија во европските натпреварувања, па оваа земја и официјално во следната сезона ќе има пет места во Лигата на шампионите.

Претходно за тоа се избори и Англија која исто така ќе има пет позиции.

И Шпанија и Англија оваа сезона имаат полуфиналисти во сите три натпреварувања во Европа.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани