Агентот за големи облози во Азија и овој ден со неколку предлози ќе
ви помогне да се одлучите што да одиграте.
Франција –
Италија: Победа на домаќините
„Аѕурите“
започнуваат нов циклус откако не обезбедија настап на мундијалот во Русија.
Роберто Манчини седна на селекторското столче и во свеото деби донесе победа од
2-1 против Саудиска Арабија. Но пред него сега е првиот сериозен тест, Италија
вечерва гостува во Ница против Франција, „Триколорите“ се едни од фаворитите за
триумф на Светското првенство. Манчини го „измеша“ составот за својот прв
натпревар, а можат да се очекуваат нови промени и за оваа пресметка. На голот
најверојатно ќе застане Сиригу на местото на Донарума, Бонучи и Кришито ќе
добијат одмор а на нивно место во одбраната ќе бидат Калдара и Де Шиљо.
Балотели е под знак прашалник но се очекува да истрча на теренот кој беше негов
дом изминативе две години. Во форот покрај „Супер Марио“ шанса веројатно ќе
добие младиот Киеза заедно со Инсиње. Франција подготовките за мундијалот ги
започна со победа од 2-0 на Ирска, Дешам беше задоволен од залагањето на
неговите избраници но најави дека ќе направи големи промени бидејќи сака на што
поголем број играчи да им даде шанса. За овој меч „Триколорите“ би можеле да се
вратат на формацијата 4-3-3. Погба ќе биде во средниот ред заедно со Толисо и
Канте, а нападот ќе го сочинуваат Гризман, Мбапе и Дембеле. Франција важи за
голем фаворит на овој меч, „Триколорите“ ги добија последните два пријателски
меча. Италија пак се радуваше на триумф на последниот официјален натпревар, но
тоа беше пред 10 години.
Египет –
Колумбија: Победа на гостите
Во дуел на две
репрезентации кои ќе играат на мундијалот во Русија, Египет и Колумбија ќе ги
одмерат силите во Италија. Иако се работи за тест натпревар кој нема големо
резултатско значење, сигурно двете репрезентации ќе сакаат да се изборат за
победа која ќе им го зголеми моралот во пресрет на Светското првенство. Ова особено
важи за Египет, избраниците на Купер веќе четири средби во низа се немаат
радувано на триумф. Египет за овој меч ќе биде и без својот најдобар играч
Мохамед Салах. Поради настапот во финалето од Лигата на шампионите тој речиси сигурно ќе
беше поштеден, но фудбалерот на Ливерпул се повреди во Киев и сега не само што
не е во комбинација за подготовките туку веројатно ќе го пропушти и првиот
натпревар на СП 2018. Што се однесува до Колумбија, репрезентацијата од Јужна
Америка има две победи и едно реми на последните три меча. Избраниците на
Пекерман во март одиграа извонреден натпревар во Париз против Франција и откако
губеа со 2-0, стигнаа до триумф од 2-3. Колумбија исто така има одредени
проблеми со повреди, но се очекува со најсилен состав да истрча вечерва а тоа
значи Фалкао во нападот, а зад него офанзивно трио составено од Хуан Квадрадо,
Хамес Родригез и Луис Муриел. Со вакви „тешкаши“ во форот, за очекување е
Колумбија да слави во Бергамо.
Допрете го врвот
и обложувајте се без лимит и со облози на високи суми во Азија.
Алжир –
Зеленортски Острови: Победа на домаќините
Алжир имаша
катастрофални квалификации за Светското првенство па мундијалот во Русија ќе го
гледаат од дома. На кормилото на репрезентацијата се врати Раба Маџер, кој треба
да започне нов циклус. Стратегот експериментираше со неколку формации и тројца
играчи во одбрана на последните два пријателски натпревари и тоа резултираше со
порази во дуелите со Саудиска Арабија и Иран. Но за очекување е тој да се врати
со четворица во одбрана и 4-4-2 или 4-3-3 за дуелот со Зеленортски Острови, кој
треба да биде подготовка за многу посериозниот тест и пресметката со актуелниот
европски шампион Португалија за една недела во Лисабон. Офанзивата е најсилниот
дел од тимот на Алжир. Марез, кој е на чекор до трансфер во Манчестер Сити
вреден преку 60 милиони фунти треба да игра како десно крило, ѕвездата на Порто
Јасин Брахими ќе игра како лево крило а во форот ќе се најде и најдобриот играч
на Динамо Загреб и прв стрелец во првенството на Хрватска, Судани. Останува да
се види дали место во форот ќе има за Силмани, или пак шанса ќе добие Бунеџа.
Што се однесува до гостите, за нив ова ќе биде прв натпревар по ноември 2017. По
крајот на квалификациите за СП 2018, Зеленортските острови не одиграа ниту еден
пријателски меч. Руи Агваш се врати на кормилото на популарните „Сините ајкули“
и ќе сака да остави што е можно подобар впечаток но се чини дека ќе нема
простор за тоа вечерва и успех ќе се бара на следниот пријателски натпревар со
Андора.
Дали барате место
за да ставите облози на некој од погоре наведените натпревари? Или можеби на
сите од нив? Сега имате можност за добитни облози во Сингбет без неважечки со
BET-IBC.