Бешикташ има понуда за трампа до Гезтепе, турскиот шампион нуди тројца фудбалери за потписот на Јаховиќ

by
2 минути читање

Напаѓачот на турскиот
првак Бешикташ, 26 годишниот Ченк Тосун се чини дека во блиска иднина ќе си
замине од тимот од Истанбул, а Бешикташ во нашиот Адис Јаховиќ ја пронајде
неговата замена.

Бешикташ и Гезтепе на
чекор до договор околу трансферот на Јаховиќ
“ пишува турскиот медиум „Фудбал
арена“.

Договорот на нашиот 27
годишен напаѓач од редовите на Гезтепе истекува идното лето, тој има нова
понуда од тимот од Измир за која се уште нема дадено конкретен одговор, а
понудите на негова адреса постојано пристигнуваат.

„Фудбал арена“ пишува
дека Бешикташ на Гезтепе му ги нуди Нечип Ујсал, Мустафа Пектемек и Оркан Чинар
во замена за Јаховиќ, но не се споменува одредена сума на обештетување, се чини
дека понудата е во вид на трампа.

Останува отворено
прашањето дали оваа понуда е задоволувачка за Гезтепе кој на крилјата на
македонскиот бомбардер игра фантастично во турската Суперлига каде Јаховиќ со
12 погодоци е втор стрелец заедно со Бурак Јилмаз од Трабзонспор.

Прв стрелец со 13 погодоци е Бафетимби Гомис од
Галатасарај.

 

Извор: futbolarena.com

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани