Беса по поразот од Башкими се повлече – сениорскиот тим нема да постои!

by Стефан
1 минути читање

Раководството на фудбалскиот клуб Беса 1976 соопшти дека поднесува оставка од водењето на сениорскиот тим и најави повлекување од сите натпреварувања, вклучително и од Втората лига на Македонија. Од клубот информираат дека од сега целиот фокус ќе биде насочен исклучиво кон работата со младите во академијата.

„По долг период на ангажман, посветеност и жртва за клубот кој ни е во срцето, донесовме одлука дека од денеска сениорскиот тим нема да се натпреварува. Нашата иднина ја гледаме во развојот на академијата“, стои во официјалното соопштение.

Клубот изрази и искрена благодарност на сите фудбалери, тренери, навивачи, соработници и спонзори кои биле дел од приказната на Беса низ годините.

„Во овој момент на разделба, чувствуваме потреба од дното на срцето да им се заблагодариме на сите кои не поддржуваа во добро и уулошо. На сите кои ја носеле нашата боја, на стручниот штаб, на оние кои вложија, мали или големи, придонеси во нашиот пат. Ви благодариме!“, завршуваат од клубот.

Ќе потсетиме, Беса денес беше поразена во баражот за опстанок во Првата лига од Башкими со 0-2.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани