Беса или Башкими? Само еден тим следната сезона ќе игра во ПМФЛ!

by 24 фудбал
1 минути читање

Бараж трилер за последното место во Првата лига: Беса 1976 и Башкими ќе се судрат на неутрален терен во Кавадарци, со почеток од 17:00 часот. Тимот од Добридол ќе се обиде да го задржи прволигашкиот статус, додека амбициозните кумановци сонуваат за камбек во елитата.

Иако натпреварот првично беше закажан на „Чаир“, поради безбедносни причини и со поддршка од МВР, ФФМ го префрли дуелот на Градскиот стадион во Кавадарци.

Беса важи за фаворит со поискусен состав и играчи креирани за ПМФЛ, но Башкими има мотивација, квалитет и верба дека може до изненадување. Единствена дамка за кумановци е спорниот дуел со Кожуф, за кој сè уште се чека одлука од дисциплинската комисија останува да се види дали тоа ќе има влијание врз нивниот настап денес.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2025 – Сите права задржани