127
Фудбалската федерација на Македонија официјално го закажа бараж дуелот за пополнување на Првата македонска фудбалска лига – Беса ќе се сретне со Башкими во недела во Кавадарци.
Двата тима ќе се борат за последното место во елитата за сезоната 2024/25, а мечот ќе се одигра на неутрален терен, на „Градскиот“ во Кавадарци. Натпреварот е закажан за 25 мај (сабота) со почеток во 17:00 часот, исто како и последните кола од ПМФЛ.
Беса се избори за бараж преку десеттото место во ПМФЛ, додека Башкими ја заврши сезоната како третопласиран тим во Втората лига.