Бернд Лено со неверојатен кикс му подари победа на Евертон против Арсенал (ВИДЕО)

by
0 минути читање

Во првото полувреме Евертон беше поблиску до гол, Ришарлисон излезе еден на еден со Лено и не реализираше, а Сигурдсон ја погоди пречката.

Но со почетокот на вториот дел Арсенал притисна и добро му одеше. Во 52. минута беше досуден пенал за топчиите, но ВАР го поништи поради милиметарски офсајд.

Потоа следуваа неколку шанси на домаќините, а откако не ги реализираа следуваше казна. 

Во 76. минута Лено направи кикс каков што не смее да си дозволи голман од негова класа, сам си ја смести топката во мрежата и му донесе победа на Евертон.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×