Берлускони: Монца цели кон Серија А, ние не сме трет клуб од Милано

by
1 минути читање

Новиот клуб на Силвио Берлускони и Адриано Галијани, Монца брзо напредува. Тие во својата група од Серија Ц беше на врвот со 16 бодови предност пред вториот.

Синоќа беше одлучено Серија Ц да се прекине, а првопласираните да бидат промовирани во Серија Б, тоа значи дека Монца ќе игра во вториот ранг по натпреварување во Италија.

„Никогаш не се сомневав во тоа. Почнавме моќно, од почетокот бевме на врвот и останавме таму до прекинот. Сега ќе направиме топ тим за Серија Б. Промоцијата во Серија А зависи од многу фактори, но ние добро знаеме некои од нив и ќе направиме се за да ги искористиме тие“, вели Берлускони.

Градот Монца е лоциран во провинцијата Монца и Бриенца кој е веднаш до градот Милано. Па Берлускони беше запрашан дали го гледа како трет клуб од Милано.

„Тоа може да се гледа како комплимент, но Монца не е трет тим од Милано. Монца припаѓа на Монца и Бриенца, област со 900.000 жители. Градот има свој сопствен идентитет кој е поразличен од Милано. Можете да бидете комплетно заљубени во тимот само ако го чувствувате“.

„Што се однесува до фудбалерите и тренерот, го правам тоа што го правев секогаш и во Милан. Постојано сум во контакт со нив, им давам совети, ги стимулирам, им честитам за перформансите на теренот, ги следам“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани