Берлускони: Да ги видам парите или ќе го задржам Милан!

by
1 минути читање

Конзорциумот од
Кина утре требаше официјално да ја превземе контролата над Милан, но зделката
одново се одложи.

Наместо да ги
уплатат преостанатите 320 милиони евра за купување на клубот, инвеститорите од
Далечниот Исток побарале да префрлат само рата од 100 милиони евра и да добијат нов рок од 30 дена.

Се очекува Милан
денеска да даде зелено светло за ново пролонгирање на рокот, но се шпекулира
дека Силвио Берлускони полека го губи трпението.

Сопственикот на
„Росонерите“ е загрижен дека постојаното одложување може да го дестабилизира
клубот и особено тимот.

Извори блиску до
Силвио Баерлускони дури велат дека тој поставил ултиматум: „Да ги видам парите
или ќе го задржам Милан!

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани