Беренгер во 89. минута го исфрли Реал Мадрид од Купот на Шпанија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

И Реал Мадрид го заврши настапот во Купот на Шпанија откако денеска доживеа елиминација од Атлетик Билбао.

Клучниот момент се случи во самиот финиш од мечот. Кога се очекуваше дека натпреварот ќе заврши без голови и ќе се влезе во продолженија, домаќините постигнаа гол.

Течеше 89. минута кога Беренгер направи убав дриблинг, прецизно пласираше и даде гол за водство на Атлетик Билбао од 1-0 кое се покажа и како конечен резултат.

Во полуфиналето од шпанскиот куп ќе ги нема ниту Реал Мадрид, ниту Атлетико Мадрид, ниту Барселона, таму се Атлетик Билбао, Бетис, Валенсија и Рајо Ваљекано.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани