Бербатов смета дека Кејн постапил наивно во обидот да си замине

by
1 минути читање

Поранешниот
напаѓач на Тотнем, Димитар Бербатов се одзва со коментар за ситуацијата со Хари
Кејн во тимот на „Спарси“, а Бугаринот смета дека ѕвездата на тимот од Лондон
бил наивен во пристапот и обидот да го напушти клубот, меѓутоа додава дека ги
разбира фрустрациите.

Кејн твитна по првиот тренинг со соиграчите (ФОТО)

Доколку
навистина разговарале на крајот од ланската сезона, а имале и џентлменски
договор кој бил прекршен, тоа не е добра ситуација, а воопшто не е чудно тоа
што Кејн е налутен
“ вели Бербатов.

Јас лично сум
бил во таква ситуација, а се’ што би можел да кажам е дека сево ова е
очекувано, тимот на Кејн секако не би требало да биде наивен во целата оваа
ситуација бидејќи фудбалот е бизнис
“ додава поранешниот бугарски напаѓач.

Секако, сите ние
го посакуваме џентлменскиот стил на договор и ракување со зборовите
да, го имаш мојот збор, меѓутоа понекогаш во фудбалот работите
не функционираат, а потоа настанува револт, овие работи се за очекување, но
истите треба да се планираат и да се има план за да бидат избегнати
“ заклучи
Бербатов.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×