Поранешниот
напаѓач на Тотнем, Димитар Бербатов верува дека Хари Кејн се соочува со дилема
околу неговата иднина во дресот на „Спарси“, а се шпекулира дека на лето би
можел да си замине.
Бербатов
предупредува дека постои сличност помеѓу неговата ситуација и оваа на Кејн,
алудирајќи на неговиот трансфер од Тотнем во Манчестер јунајтед во 2008 година.
„Лично сметам
дека Хари Кејн е еден неверојатно добар фудбалер, најдобриот напаѓач во светот,
но што освои тој во својата кариера? Ништо…“ нагласи Бербатов, кој додаде
дека Тотнем ќе мора повеќе да се потруди за да дојде до победа над Манчестер
Сити во финалето од ФА купот, за да промени нешто и во однос на ситуацијата со
Кејн.
„Тоа би било
срамота доколку не се промени ништо, токму од таа причина се надевам дека
Тотнем ќе го освојат тој трофеј кој би бил еден чекор напред во однос на
промената на менталитетот на тимот по тоа прашање“ додаде поранешниот бугарски
напаѓач кој инсистира на тоа дека неможноста да дојдат до трофеи, за фудбалери
од класата на Кејн значи и потреба од нова средина.
„Токму затоа јас
ја донесов таа одлука, а веројатно истото ќе се случи наскоро, бидејќи Кејн е
во истата позиција во која бев и јас“ подвлече Бербатов.
„Јас сум нешто
друго од Кејн, тој е Англичанец, легенда на Тотнем според мене, легенда и општо
на англискиот фудбал, капитен, така се надевам дека ќе успеат да дојдат до тој
трофеј, тоа би било добар чекор, не би смееле да си дозволат да чекаат 10 или
13 години, тогаш кариерата на Кејн ќе биде веќе завршена“ заклучи Бугаринот.
„Атлетик“ извести
дека голема е веројатноста Кејн да притиска за трансфер во клубот на крајот од
актуелната сезона доколку „Спарси“ не успеат да се пласираат помеѓу четирите
најдобри екипи во Премиерлигата.