Со голови на Скамака и Распадори, Сасуоло го победи Интер со 2-0 и тоа на негов терен.
Берарди кој има 27 години, но важи за еден од поискусните играчи во тимот, има големи пофалби за младите Скамака и Распадори.
„Двајцата се големи фудбалери и подготвени се да направат чекор напред. Тие докажуваат од натпревар во натпревар за колку квалитетни играчи се работи и мора да продолжат да го прават тоа и на мечевите и на тренинзите“, вели Берарди.
Скамака се поврзува токму со Интер, а Распадори со Јувентус и Милан.
Берарди вели дека и тој би можел да замине во голем клуб. Претходно го имаше одбиено Јувентус бидејќи не се чувствувал подготвен, но сега работите се сменети.
„Напредував многу изминатите години. Јасно е, не можам да ги кријам амбициите за настапи на големи натпревари, на големи стадиони, но додека сум тука најважно ми е да прикажувам добри игри за Сасуоло“.