Интер во јануари
ја загуби битката со Јувентус за услугите на Македонецот Дејан Кулушевски, но
Бепе Марота сега му задава двоен удар на својот поранешен клуб.
Трансфер
експертот Ди Марцио пренесе дека „нероаѕурите“ се на добар пат да ги обезбедат
услугите на перспективните Сандро Тонали и Мараш Кумбула.
Фудбалерот од средниот
ред на Бреша се најавува како новиот Пирло, Масимо Челино постави цена од 50
милиони евра, но Интер успеал да се исценка за коронавирус попуст па зделката
ќе чини 30 милиони евра плус бонуси.
Во прилог им оди тоа што Сандо Тонали ставил јасно до знаење дека сака да се пресели на
„Џузепе Меаца“ и да соработува со Антонио Конте.
Што се однесува
до Мараш Кумбула, неговата цена е 35 милиони евра а Интер се обидува да вметне
неколку играчи за да плати што е можно помалку. „Нероаѕурите“ исто така се подготвени да го остават Албанецот на позајмица на Бентегоди следната сезона, па и тоа е плус во преговорите.