Поранешниот
предводник на Интер и Наполи, Рафаел Бенитез вели дека вечерва ќе го поддржи
тимот каде настапува нашиот Елиф Елмас, а тренер е Џенаро Гатузо, Наполи во
дербито на 12 коло од Серија А против Интер.
Бенитез во
моментов ја обавува функцијата тренер на Далијан, а претходно беше предводник
на Наполи помеѓу 2013 и 2015 година, тим со кого ја освои Копа италија и
Суперкупот на тоа првенство, а помина и шест месеци на клупата на Интер каде го
наследи Жозе Мурињо, но не беше успешен во таа улога во 2010 година по
огромниот успех на „Нероаѕурите“.
„Периодот минат
во Интер и Наполи ми донесе дополнително искуство во мојата тренерска кариера,
но вечерва јас ќе го поддржам Наполи“ рече Бенитез.
„Се чини дека
постои поголем притисок врз Интер отколку врз Наполи, очигледна е големата
желба да се освои Скудетото оваа сезона, откако се увиде дека Јувентус има пад
во формата“ додаде тој.
„Кога бев во
Наполи, успеавме да ја освоиме Копа Италија и Суперкупот на тоа првенство
против Јувентус, кој во тој период делуваше како една нерешлива енигма“ заклучи
шпанскиот фудбалски стратег.
Кога сме веќе кај
Серија А, таму по 11 одиграни кола лидер е Милан со 27 бода, следат Интер со
24, односно Наполи и Јувентус со по 23 бода.