Бенитез е прв фаворит за отказ во Премиерлигата во моментов

by
1 минути читање

Евертон е во
голема резултатска криза, а поразот на свој терен од лутиот градски ривал
Ливерпул синоќа со убедливи 1-4 донесе дополнителен притисок врз Рафа Бенитез.

Како што пишуваат
на Островот, Бенитез во моментов е прв фаворит за отказ во Премиерлигата во
моментов, со тоа што клубот од „Гудисон Парк“ влезе во тешка резултатска криза
по цели девет меча без победа во Премиерлигата.

Сепак, и покрај
лошите резултати изминатиов период, се верува дека првиот човек на Евертон,
Фарад Мошири има доверба во Бенитез, за кого смета дека му е потребно време.

Тоа што е
интересно според очекувањата на букмејкерите, по Бенитез втор на листата е
предводникот на Лестер, Брендон Роџерс, но со ист коефициент заедноо шефот на стручниот
штаб на Саутемптон, Ралф Хазенхутл.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×