Бенфика потврди: Ако победи Перез, Реал ќе го откупи договорот на Мурињо!

by 24 фудбал
1 минути читање

Жозе Мурињо е на чекор до сензационално враќање на клупата на Реал Мадрид, бидејќи Бенфика официјално потврди дека постои договор меѓу двете страни.

Португалскиот клуб соопшти дека Реал Мадрид ќе плати 15 милиони евра за ангажманот на искусниот стратег, но трансферот ќе зависи од претстојните претседателски избори во шпанскиот гигант. Според информациите, доколку Флорентино Перез ја добие довербата на изборите, Мурињо ќе биде назначен за нов тренер на „кралевите“.

Португалецот веќе седеше на клупата на Реал Мадрид во периодот од 2010 до 2013 година, кога освои титула во Ла Лига, Куп на Шпанија и Суперкуп на Шпанија.

Можноста за негово враќање предизвика големо внимание во фудбалската јавност, а дали „трансферот“ ќе се реализира ќе се знае со исходот на изборите за нов претседател на Реал.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×