Бенфика со 1-0 го совлада Баерн Минхен и го освои првото место во групната фаза, Баварците во осминафиналето одат како втори, но тоа можеби и им одговара.
Единствениот гол на натпреварот се случи во 13. минута кога Шјелдерум погоди за водство на Бенфика од 1-0.
По 15 минути игра во вториот дел Баерн се израдува на гол, но погодокот на Кимих беше поништен поради офсајд.
Поразот на Баерн Минхен можеби и му одговара, бидејќи во групата со која вкрстуваат Фламенго го освои првото место па ќе играат против бразилскиот клуб наместо против Челси кој веројатно ќе влезе како втор и ќе се сретне со Бенфика во осминафиналето.