756
Милан од 58. минута играше со двајца фудбалери повеќе од Болоња, резултатот беше 2-2, росонерите се мачеа да го скршат противникот.
Конечно тоа се случи во 84. минута кога Бенасер начека една топка на волеј и ја смести во долниот агол од голот на Болоња.
„Можеби десет пати да шутнев така само еднаш ќе погодев! Едноставно не размислував, ја удрив добро и влезе, па среќен сум“, вели Бенасер.
„Треба да бидете добро избалансирани и да го пуштите стапалото да оди слободно. Тоа е единствениот начин на кој можам да објаснам“.