Белгија го спаси фудбалот – ја наполни мрежата на САД! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Белгија со убедливи 4-1 ја победи селекцијата на САД, Американците се елиминирани и покрај скадалозната интервенција на Доналд Трамп и ФИФА да го поништат црвениот картон на Балогун.

По Канада и Мексико, елиминација во осминафиналето доживеа и третиот домаќин на Мундијалот, селекцијата на САД.

Флоријан Балогун беше стартер на натпреварот откако ФИФА му дозволи да игра и покрај црвениот картон кој го доби, но напаѓачот не направи речиси ништо.

Белгија поведе уште во деветата минута со гол на Де Кетеларе по асистенција од Раскин.

Американците изедначија во 31. минута кога Тилман биеше од слободен удар, топката удри во живиот ѕид, го промени правецот и заврши во мрежата на Белгија за 1-1.

Но, овој резултат траеше само две минути, на сцена повторно стапи Де Кетеларе, овојпат погоди по асистенција на Тросар за водство од 2-1.

По 13 минути игра во второто полувреме Ванакен искористи една катастрофална грешка на голманот на САД и ја смести топката во мрежата за 3-1.

Точка на натпреварот стави Ромелу Лукаку во 93. минута, погоди за конечни 4-1.

Белгија во четвртфиналето ќе игра против селекцијата на Шпанија која претходно ја елиминираше Португалија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×