Белгија го објави составот, Лукаку со еден час фудбал ќе оди на Светско првенство

by bojan
1 минути читање

Селекторот на Белгија, Руди Гарсија ја објави листата со 26 фудбалери за мундијалот во САД, повик доби и Ромелу Лукаку, кој оваа сезона има одиграно едвај 69 минути фудбал.

Популарните „црни-ѓаволи“ ги открија адутите за Светското првенство, тимто ќе го предводат ветераните Кевин Де Брујне, Ромелу Лукаку и Тибо Куртоа.

Ромелу Лукаку, и покрај тоа што оваа сезона одигра едвај 69 минути фудбал, и во моментов се опоравува од повреда, се најде на конечниот список.

Повик доби и Матијас Фернандез Падро, кој реши да го замени националниот дрес на Шпанија со тој на Белгија.

Помеѓу оние кои не се најдоа на списокот се Луис Опенда од Јувентус, Ромео Лавија од Челси, како и 17 годишниот Натан Де Кат.

Составот на Белгија за СП 2026:

Голмани:
Тибо Куртоа (Реал Мадрид),
Сене Ламенс (Манчестер јунајтед),
Мајк Пендерс (Стразбур)

Одбрана:
Зено Дебаст (Спортинг Лисабон),
Артур Теат (Ајнтрахт Франкфурт),
Кони Де Винтер (Милан),
Брендон Мехеле (Клуб Бриж),
Натан Нгој (Лил),
Томас Муније (Лил),
Тимоти Кастањ (Фулам),
Максим Де Кујпер (Брајтон),
Хоакин Сејс (Клуб Бриж)

Среден ред:
Кевин Де Брујне (Наполи),
Амаду Онана (Астон Вила),
Јури Тилеманс (Астон Вила),
Ханс Ванакен (Клуб Бриж),
Николас Раскин (Рен),
Аксел Витсел (Жирона)

Напад:
Жереми Доку (Манчестер Сити),
Леандро Тросар (Арсенал),
Алексис Салемакерс (Милан),
Доди Лукебакио (Бенфика),
Ромелу Лукаку (Наполи),
Шарл Де Кетеларе (Аталанта),
Матијас Фернандез-Пардо (Лил),
Диего Мореира (Стразбур)

Можно е и ова да ти се допаѓа

×