79
Беласица има очаен старт на сезоната, струмичкиот тим има шест порази од шест одиграни меча, со гол разлика 1:17. Поразот од Пелистер ја прели чашата, па Ване Милков си поднесе оставка, но ќе остане во клубот како технички директор.
„Шефот на стручниот штаб Милков Ване си поднесе неотповиклива оставка веднаш по натпреварот со ФК Пелистер.
Милков останува во клубот со нова функција, технички директор.
На утрешниот куп натпревар против ФК Росоман, екипата ќе ја предводи асистентот Василев Александар.
Во наредниот период ќе биде претставен новиот предводник на нашата екипа“, стои во соопштението на Беласица.
Фото: ФК Беласица