62
Дејвид Бекам сака да направи конкуренен тим во МЛС, неговиот Интер Мајами постојано се засилува.
Во тимот се Гонзало Игуаин и Блејс Матуиди, а тренер за новата сезона е Фил Невил. Бекам сeга го сака и Марсело.
Според „Франс Фудбал“, Бекам има одличен однос со Марсело и ќе се обиде тоа да го искористи за да го убеди бекот да потпише за неговиот клуб.
Марсело има договор со Реал Мадрид до 2022 година, но го загуби местото од Менди, оваа сезона има одиграно само осум натпревари, па лесно може да се случи ова за него да биде и последната сезона во кралскиот клуб.