71
Фудбалерите на
англискиот Премиерлигаш Тотнем, Џо Родон и Герет Бејл имаа доста интересен
настап на „СпарсТВ“, а едно од прашањата кое им се падна беше ‘Дали веруваш во вонземјани?’, односно дали постојат такви суштества, на
што Родон повеќе беше воздржан на таа тема, а Бејл убеден дека постојат.
„Очигледно е дека
постојат многу теории на заговор за оваа тема, а постои и снимка за НЛО, истата
беше објавена од страна на владата на САД (тоа е лажно, му возврати Родон). Тоа
не е лажно, беше објавено од владата на САД, Постојат вонземјани, 100%, постои
видео снимка како потврда за тоа“ тврдеше Бејл.
ВИДЕО – ТУКА