163
Герет Бејл би
можел одново да го облече дресот на Тотнем, за што се верува дека Велшанецот
веќе дал зелено светло за враќање во тимот од Лондон, што би значело дека по
трет пат во својата кариера ќе го облече дресот на „Спарси“.
Велшанецот
најпрво си замина од Тотнем во 2013 година откако потпиша за Реал Мадрид, а
ланската сезона се врати во „Спарси“ на позајмица, а со оглед на фактот што
неговиот актуелен договор истекува на лето, извесно е негово враќање во
Премиерлигата.
„Ел Насионал“
тврди дека обете страни веќе постигнале договор уште пред три месеци за Бејл да
се врати во Премиерлигата на лето.