682
Дуелот помеѓу ПСЖ
и Башакшехир е во прекин откако гостите го обвинија четвриот судија дека на
расна основа го навредил нивниот помошник тренер, Пјер Вебо.
Имаше голема
дебата, главнито судија се обиде да ги смири страстите, но гостинските
фудбалери не попуштија и се повлекоа во соблекувалната, а се чини дека поддршка
имаат и од играчите на ПСЖ.
Башакшехир веднаш
се огласи на социјалните мрежи и го постираше слоганот на УЕФА, „Не за
расизмот“.
NO TO RACISM | #Respect pic.twitter.com/Ic1BzfANoi
— İstanbul Başakşehir (@ibfk2014) December 8, 2020