Барселона е во голема
криза и многумина прстот го вперуваат во поранешниот претседател Жозеп Мариа
Бартомеу, кој потроши огромна сума на пари на играчи кои разочараа.
Осман
Дембеле беше донесен за 105 милиони евра плус додатни 40 милиони во бонуси, за
Филипе Кутињо беа платени 120 милиони евра плус додатни 40 милиони во бонуси, а
за Антоан Гризман беа одвоени 120 милиони евра.
„Точно е дека некои од засилувањата не ги
оправдаа очекувањата, играчи за кои беа платени многу пари, но се случуваат
вакви работи во фудбалот. Кога ги купивме Дембеле и Кутињо, сите ни аплаудираа.
Кутињо дојде бидејќи Иниеста заминуваше, беше најдобар во Премиерлигата.
Дембеле дојде бидејќи Нејмар замина“ – објаснува Бартомеу.
Тој исто така
потврди дека имале можност да го купат Килијан Мбапе, кој најверојатно следното
лето ќе го засили Реал Мадрид.
„Точно е дека Килијан
Мбапе беше опција (за замена на Нејмар) но директорите и тренерите го
преферираа Дембеле бидејќи сакаа фудбалер кој може да отвори простор“.