Барселона застана во редот за Дамсгор, Сампдорија подготвена за аукција

by
1 минути читање

Каталонскиот
гигант Барселона наводно од близу ги следи настапите на Микел Дамсгор за
данската национална селекција на Европското првенство.

20 годишниот
фудбалер од средниот ред на Сампдорија е еден од фудбалерите кои посебно се
издвоија од досегашниот дел на европскиот турнир, а се верува дека неговиот
клуб Сампдорија е подготвена за аукција ова лето.

„Диари Спорт“
тврди дека Барселона засега покажува сериозен интерес за услугите на Данецот,
кој инаку има активен договор со Сампдорија до 2024 година.

Дали го видовте
неговиот гол? Уште сега ќе ви кажам реална цена за него, денеска е најмалку 30
милиони евра, но доколку повторно постигне гол за Данска, таа ќе се зголеми на
40 милиони евра
“ рече првиот човек на Сампдорија, Масимо Фереро по голот на
Дамсгор во победата од 4-1 против Русија.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×