Барселона за 12 минути му даде четри гола на Билбао и го освои Купот на Шпанија (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Фудбалерите на Атлетик Билбао долго време одолеваа на нападите на Барселона, а откако беа скршени, нивната мрежа брзо се наполни.

Резултатот беше отворен во 60. минута кога по асистенција од Де Јонг, Гризман постигна гол за водство на Барселона од 1-0.

Само три минути подоцна Де Јонг постигна гол со глава по асистенција од Алба.

Во 68. минута прекрасна акција на Меси и Де Јонг која со гол ја круниса Аргентинецот за предност на Барса од 3-0, веќе немаше дилеми кој ќе биде победникот.

Четири минути подоцна нова убава акција ана Барселона, Меси постигна уште еден гол и ги постави конечните 4-0.

Победата можеше да биде и поубедлива, но во финишот од мечот ВАР му поништи гол на Гризман поради офсајд.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани