Фудбалерките на Барселона продолжуваат да доминираат на европската сцена, откако изборија шесто последователно финале во Лигата на шампиони со победа од 4-2 против Баерн Минхен (вкупно 5-3).
Каталонките поведоа рано преку Салма Парељуело во 14. минута, но Линда Далман брзо возврати и ја врати неизвесноста.
Сепак, тимот на Барселона повторно ја презеде контролата, откако Алексија Путељас погоди за ново водство, а во второто полувреме Ева Пахор зголеми на 3-1, по што Путељас уште еднаш се запиша во листата на стрелци.
Баерн Минхен не се откажа и успеа да намали преку Пернил Хардер, но немаше сили за комплетен пресврт.
Во големото финале, Барселона ќе се соочи со Лион во битката за европската титула. Инаку, четврти судија во денешниот натпревар беше најдобрата македонска судијка, Ива Пројковска.