Барселона со ултиматум до Дембеле

by
1 минути читање

Осман Дембеле ги
одработува последните месеци од договорот, Барса сака да го задржи и му понуди
нова соработка, но Французинот се уште нема одговорено.

Според пишувањата
на Мундо Депортиво, „каталонците“ немаат намера вечно да го чекаат напаѓачот и
му поставиле ултиматум, тој има рок од 15 дена да каже дали ќе остане или ќе
замине.

Весникот додава
дека Осман Дембеле сака да продолжи на Камп Ноу, но се двоуми дали да го
прифати предлогот поради силниот притисок од неговиот агент. Муса Сисоко го
убедува својот клиент дека ќе му обезбеди подобра плата во друг клуб (има
интерес од Премиерлигата со клубови како Њукасл и Манчестер јунајтед).

Исто така,
агентот смета дека промена на средината може да биде добредојдена со оглед на
сите проблеми кои ги имаше Осман Дембеле со повредите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани