300
Мечот не се одвиваше најидеално за Барселона. Домаќините дојдоа до изненадувачко водство во 19. минута со гол на Хуго Диаз.
Барса долго време се мачеше да изедначи, тоа се случи дури во 63. минута кога Дембеле погоди за 1-1.
Шест минути подоцна Џуџла реализираше за комплетен пресврт и победа на Барса од 2-1.
Во мечевите кои завршија претходно, Валенсија со 2-1 ја победи Картагена, со ист резултат Мајорка славеше кај Еибар, Реал Сосиедад со 3-2 беше подобар од Леганес.