Барселона со играч помалку ја победи Селта, Ансу Фати повторно беше стрелец (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Барса одлично го почна мечот, уште во 11 минута поведе со 1-0 со гол на Ансу Фати кој блескаше и на претходниот меч.

Во 42. минута Барселона остана со играч помалку откако Ленгле поради удар со лакт доби втор жолт картон и беше отстранет од игра.

Селта тргна поофанзивно, но по шест минути игра во второто полувреме, по еден удар на Меси, Олаза си постигна автогол за предност на Барса од 2-0.

Во 95. минута Серхи Роберто начека една топка и ја смести во мрежата на Селта за победа од 3-0.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани