Барселона со ангажманот на Левандовски ќе му ги помати трансфер плановите на Реал?!

by
1 минути читање

Името на Роберт Левандовски во последно време е прилично актуелно при трансфер шпекулациите, се говори дека Полјакот го известил Баерн Минхен дека ќе замине и веќе договорил соработка со Барселона.

Оваа зделка може да влијае и врз трансфер плановите на Реал Мадрид, кој сака да го ангажира Ерлинг Халанд, токму Норвежанецот се посочува како можна замена за Роберт Левандовски на „Алианц Арена“.

Твитер профилот „Баерн & Германија“ пренесе информација од Билд која вели дека Хасан Салихамиџиќ и Марко Непе работат зад сцената на сите сценарија и веќе стокмиле листа со напаѓачи кои можат да го заменат Роберт Левандовски. Ерлинг Халанд е едно од имињата кои биле дискутирани, но бордот на Баерн смета дека пакетот од 355 милиони евра за ангажман на Норвежанецот е прескап.

На ова се надоврза новинарот Јан Аге Фјортофт, кој е близок до семејството Халанд.

Тој вели дека Ерлинг Халанд подолго време е прва желба на Баерн Минхен за наследник на Роберт Левандовски и „баварците“ не се откажале од Норвежанецот во ниту еден момент.

Фјортофт вели дека има три сценарија, Левандовски да го продолжи договорот, да биде продаден летоска или да ја одработи последната сезона од договорот и беспари да замине во 2023 година и додава дека најлошо сценарио е Баерн Минхен да не успее во намерата да го ангажира Ерлинг Халанд (во моментов се аутсајдер во битката со Манчестер Сити и Реал Мадрид) и да треба летоска да се справуваат со гневот на Полјакот, кој е разочаран од однесувањето на раководството.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×