64
Притисокот врз Куман постојано се зголемуваше, поразот од Рајо Ваљекано ја прели чашата, па отказот беше неминовен.
Ова е тешка одлука на Лапорта бидејќи Барселона ќе треба да му плати 12 милиони евра на Куман како обесштетување за отказот.
Тоа е голема сума во период кога Барселона има финансиска криза, но раководството пресметало дека оваа одлука долгорочно ќе биде исплатлива.
Со задржување на Куман, Барселона ќе ризикуваше на губење на пари поради лошите резултати, празниот Камп Ноу, ризикот да не се пласираат во ЛШ…
Наскоро се очекува да биде соопштено кој ќе биде наследникот на Куман, за прв фаворит се посочува Чави.