Барселона сака да се ослободи од неколку ѕвезди кои добиваат огромна плата со цел да направи место за новиот договор на Меси и регистрација на новите засилувања, но работите не се движат идеално.
Процесот за продажба на Кутињо станува речиси невозможен. Бразилецот е најскапото засилување во историјата на Барселона, беше купен за 120 милиони евра плус 40 милиони евра во бонуси.
Кутињо има плата од речиси 20 милиони по сезона, па иако Барселона сега го продава за околу 50 милиони евра, заинтересирани купувачи нема.
Барселона изгледа дека не може да го продаде Кутињо, а проблем е што не сака ниту да го игра бидејќи ќе треба да му плати голем бонус на Ливерпул.
Според договорот со Ливерпул, кога Кутињо ќе одигра 100 натпревари за Барселона, се активира бонус клаузула според која ќе треба да му платат 20 милиони евра на англискиот клуб.
Кутињо досега има одиграно 90 натпревари, му фалат уште 10 до бонусот, па се чини дека Куман нема да го игра во новата сезона од оваа причина.
Вака гледано Бразилецот е заглавен во Барселона, но со оглед на тоа што не сака да игра во друг клуб за помала плата, се чини и дека не е многу загрижен за тоа што нема да настапува, поважно му е да ја добива големата плата од договорот со Барса.