Екипата на Барселона денес официјално потврди дека тренерот Ханси Флик ја продолжил соработката со клубот до јуни 2027 година, наградувајќи го за одличната сезона во која тимот се врати на тронот во шпанскиот фудбал.
Флик, кој ја презеде Барселона на стартот од оваа сезона, веќе во првата година на клупата успеа да ги освои сите три домашни трофеи, титулата во Ла Лига, Купот на кралот и шпанскиот Суперкуп. Иако не стигна до финале во Лигата на шампионите, неговиот тим одигра одлична сезона и во Европа стигнувајќи до полуфиналето каде што Интер беше подобар.
Посебен успех е што Барса до резултатите стигна со исклучително млад состав, предводен од талентираниот Ламин Јамал, а но тука е и останатите малди фудбалери како: Гави, Педри, Кубари, Пау Виктор…па јасно е дека каталонскиот гигант има основа да биде на самиот врв во европскиот фудбал и во наредните години.
Според информации блиски до клубот, наредни на списокот за продолжување на договорите се : Рафиња, Иниго Мартинез и Френки де Јонг.