Барселона по ангажманот на Левандовски ќе реализира „трансфер бомба“ и ќе го купи Бернардо Силва

by
1 минути читање

Барселона е во
големи финансиски пробеми, последните информации од Камп Ноу велеа дека им се
потребни 500 милиони евра за да можат да функционираат, но и покрај тоа,
„каталонците“ имаат големи планови кога е во прашање летниот преоден рок.

Роберт
Левандовски е првото има на листата со желби, а новинарот Ману Саинц вели дека
ќе пристигне уште едно звучно име.

„Барселона
подготвува „трансфер бомба“. Се работи за Бернардо Силва. По ангажманот на
Роберт Левандовски, Барса ќе тргне по потписот на португалската ѕвезда. Фудбалерот на
Манчестер Сити е запознаен со интересот…“
– напиша Ману Сианц на Твитер.

Во меѓувреме,
Мундо Депортиво пренесе за пакт помеѓу Бернардо Силва и Пеп Гвардиола, односно тренерот
на Манчестер Сити нема да му прави проблеми на играчот доколку пристигне добра
понуда.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×