„АС“ тврди дека Алваро Мората оваа недела ќе стане фудбалер на Барселона. Извор близок до преговорите тврди дека работата е речиси завршена, остануваат само уште неколку детали да се прецизираат за да биде постигнат договор.
Јувентус нема намера да ја активира опцијата за да го откупи целосно од Атлетико Мадрид по позајмицата, па се сложува да го пушти во Барселона.
Од друга страна пак Барселона не може да го регистрира ниту Феран Торес поради финансискиот фер-плеј.
„Феран Торес не може да биде регистриран сега, но се надеваме дека ситуацијата брзо ќе се реши. Продажбата на Демир може да помогне. Да видиме што ќе се случи и со Лук де Јонг“, вели директорот на Барселона, Алемани.
Барселона се надева дека ќе се ослободи и од некој од Кутињо и Умтити, а можно е да го продаде и Дембеле.
Како и да е, клубот мора да најде начин како да направи простор за регистрација на новите засилувања. Се верува дека во Барса напорно работат на овој проблем и ќе го решат.