Барселона настрада од свој фудбалер

by
1 минути читање

23-годишниот Ињаки Пења е голман на Барселона кој оваа сезона брани како позајмен во Галатасарај, токму тој беше херојот на тускиот клуб.

Во договорот за позајмица Барселона не стави клаузула дека тој не може да игра против нив, веројатно тие и не очекуваа дека ќе имаат дуел со Галатасарај, но тоа може да се покаже како кобно за нив.

Пења имаше неколку фантастични интервенции против своите соиграчи од Барселона, во првиот дел му одбрани две одлични шанси на Мемфис Депај.

Пења ја направи разликата на вчерашниот меч, а неговата Барселона ќе мора да го победи Галатасарај во Турција за да се пласира во четвртфиналето.

Со овие перформанси се чини дека Пења си обезбеди враќање во Барселона за следната сезона.

„Идејата беше Ињаки Пења да замине на позајмица и да се врати, и таа идеја не е променета. Тој имаше храброст да замине и среќен сум за него“, изјави Чави.

Импресиониран од Пења е и советникот на Барселона, Жорди Крјоф.

„Ињаки Пења имаше импресивен меч, исто така и додавањата му беа многу добри. Ќе видиме дали ќе биде тука со нас од лето“, вели Жорди Крјоф.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×