4,9K
Барса ја оправда улогата на фаворит против Хетафе и дојде до трите бода со пет гола во мрежата на противникот.
Меси беше двоен стрелец, по еден погодок постигнаа Араухо и Гризман, а еден беше автогол на Чакла.
Барселона е на третото место со пет бода помалку од Атлетико Мадрид и два од Реал Мадрид, но каталонскиот тим има и натпревар помалку.